СОВРЕМЕНИ ЈАНИЧАРИ

Заев до Тачи: “За тоа ме подготвуваа повисоки, надвор од Македонија”.

Ниту вештачката интелигенција не може да ја покрие природната глупост. Од искон до денес, злата коб ја продолжуваат подоцнежниве јаничарски генерации.

Оние повисоки што го подготвуваат Американците и Англичаните го изведоа заедно и геноцидот на Македонците во Егејска Македонија во 1948 год. При тоа пилотите кои ги фрлаа напал бомбите врз македонските деца беа Англичани, а бомбардерите беа Американци.

Денес е повеќе од очигледно оти бриселска Европа е колонија, вазал на близнаците, Америка и Англија. Тие не можат да ја променат рамката со Србија, затоа што Србија ја води еден храбар Вучиќ. Кај нас, полтрони и кукавици. Европа има консензус за тоталитарна идентитетска ликвидација на Македонците, стасувајќи до грчко-европската гробница за Македонците. Втората идентитетска гробница е бугарско-европската, наречена француска. Гробарските лопати ги држат в раце Заев, Димитров, Ковачевски. Али Ахмети со дружината е само погребна поворка, ништо повеќе. Денес најголема хуманитарна катастрофа во светот се случува во Македонија. Политиката на меморија ја трансформираат во политика на заборав. Не постои чувство на срам како и отсуство на чувство за вина. Кодошите се горди на направеното.

ЦИА знае какви луѓе во светот и се потребни, анационални, со нула интелект, поткупливи и историски неписмени. И ги најдоа кај нас. Нема поголем грев и пониско паѓање од предавство на својот народ и вера.

Го киднапираа македонското тело, но не и македонскиот дух за слобода и независност на Македонецот. Без компромиси и уцени. И по 100 години, нашата борба останува национална и социјална. Мала моќна елита со сите привилегии нема чувство за припадност кон сопствениот народ со софистициран облик на ропство. Отрпнатитре Македонци не се бунат  за мега – корупцискиот скандал со Бектел и Енка, ниту за монструозната “Менгеле терапија” на клиниката за онкологија. Отсуство на почитување на законите, политичко и правно беззаконие, ставање на партијата над државата. Сој човечиња без трошка грижа и емпатија уживаат во одразот на скршеното огледало.

Деновиве почина Бадентер, кој ги советуваше дека проблематично било што во нашиот устав пишувало за грижата за малцинствата во соседните држави. Наши гревчиња го послушаа и го збришаа нашето малцинство од уставот. Нема споредба меѓу нив и Виткун Квислинг. Тие се без конкуренција. Во симболична и фигуративна смисла, денес се користи за нелојална соработка зборот Квислинг. Но, Вучиќ понекогаш вели: “Не сме ние Македонија, пак сé да прифаќаме”.

По шалтерите сами го бришеме идентитетот. Што знае Заев за Античка Македонија, па им ја подари на Грција. Сите знаеме дека тоа е, за среќа, нелегитимно и привремено. И Лазар Колишевски, не знаејќи што е историја, го подари Манастирот Св. Прохор Пчињски на Србија.

ПРИМ. ДР  Б. ДАМЕСКИ

Loading