ОПЕЛО НА МОЈАТА МАКЕДОНИЈА

Починати великани ги наследија мизерни џуџиња. Се натегаат кој да ја праша Грција дали можат да го одложат заковањето на последната шајка на ковчегот кој нé носи во неповрат. Уште повеќе ме загрижува што и опозицијата бара продолжување на рокот. Воопшто не ни треба тоа продолжување на потпишаниот заев рок. Итно е потребно отфрлање на наметнатите нелегитимни договори. Тие фактички не постојат, само треба да се отфрли реализацијата. И самиот меѓународен преставник Фуере, во моменти на искреност рече  дека ова никогаш не би и го направил на мојата земја! Сите политичари се марионети, имаат криза на национален дух. Заев до Тачи.

Германскиот свештеник Димитрих Бонховер кој  почина во концентрациони логор изјавил: “Глупавите луѓе се поопасни од злобните. Човек може да е интелигентно паметен, сепак да е глупав, зошто глупоста не е интелектуално нарушување, туку морално”.

Во политиката, аналогни на криминалците се политичарите, аналогни на бандитите се партиите, а полицијата е народот, гласачот и јавноста. Нема легитимни политики и политичка власт без правна држава. Политичарите се  како пелените, треба почесто да се менуваат, од исти причини. Почна Бранко Црвенковски со неговата криминална приватизација, а Љубчо Георгиевски со премолчен договор го амнестира ајдучкиот грабеж, продолжија крим-клановите на Груевски, Бучковски, Заев и така до денес. Зарем би оделе во Тирана и Приштина за внесување на Бугарите во уставот, освен за отворање на уставот. Ајде сега да се свикаат само македонските лидери, но кој би ги свикал? Политички анационални, лесно манипулативни и над се коруптивни пред да станат носители на “историски промени”. Подготвуваат свои  психолошки и политички профили во име на нивни долготрајни интереси. Македонија треба да ги заштити своите чеда кои се предмет на асимилација.

Не ја познаваат современата светска политика. Мноштво блокови во иднина ќе конкурираат за управување со светот:

1. Мексико, Аргентина, Боливија, Чиле

2. Јапонија, Ј. Кореја, Тајван

3.Израел, Обединети Арапски Емирати (ОАР) се обединија со САД и Индија

4. Русија, Белорусија и Кина

5. Растурена ЕУ на повеќе делови.

Нема големи и мали држави, има само големи и мали политичари.

Ќе одговори ли некој од Бугарија од каде произлегуваат историските потреби да ја присвојуваат Македонија и да ја кројат историјата. Темелите на нашиот идентитет се во Античка Македонија. Иво Андриќ рекол: Нас не не мачи одливот на мозоци, туку останувањето на идиотите. Секоја власт прави од народот будали, ама народот прв почнува кога од будали прави власт.

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading