ПРИЛЕПЧАНИ СИ ЈА ОТВОРИЈА ДУШАТА

Прилепчани си ја отворија душата за „Слободен печат”. Во ТВ анкета се жалаа дека животот им е крпен, младите заминале во странство, а со минималната плата тешко се излегува на крај. Пензионерите се плачат дека тешко се живее, младите освен што дишат почист воздух, за разлика од Скопје, се досадуваат без понуда за забава.

Тажна е празната чаршија, велат трговците. Дури и на пазарен ден во среда и во сабота, нема раздвиженост, ниту промет. Граѓаните ги одминуваат дуќаните, полни со секаква стока, но цените се диктирани од пазарот и општата скапотија на енергенсите, не дозволуваат трошење освен за неопходните намирници да се помине секојдневието.

Се испразнија дури и училиштата, зошто заедно со родителите секоја година стотина деца заминуваат во странство во надеж за подобри услови и посветла иднина. 

Градот последниве се ситни, апатичен во зимските денови, во очекување живоста да се врати в лето кога иселениците се враќаат во татковината.

Граѓаните го изразиле незадоволството и од работата на локалните власти, кои велат, немаа доволно конкретни проекти  во интерес на заедницата. Посебно нема привлечни содржини за младата генерација. Отсуствува и културно- забавен живот кој би придонел да се раздвижи монотонијата која владее во Прилеп.

Платите се минимални, младината е разочарана и си заминува. Првата дестинација е Скопје, каде најчесто одат на студии и има повеќе можности за работа и за заработувачка, а втората опција е емиграција во странство.               

Loading