ОТКУПУВАЧИТЕ НА ТУТУН ГИ ЗГОЛЕМИЈА ЦЕНИТЕ

“Сите откупувачи ќе потпишат анекси на договорите за зголемување на откупната цена на тутунот за 35 денари, со што ќе достине 365 денари за килограм за целата откупена количина”.

Ова го најави Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, по средбата со откупувачите во Прилеп.

Новата цена ќе важела ретроактивно, и за веќе предадениот тутун.

– Утврдивме дека е потребна итна измена на легислативата, Законот за тутун, за што закажавме средби на 19 февруари во проширен состав – рече Николовски. 

Тој додаде дека се креирале нови мерки за поддршка на тутунарите, основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по хектар и зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Оваа реклота за 20 денари е зголемена субвенцијата по класи за предаден тутун или  110 денари за прва класа

Претходното имаше зголемување на цената во декември за 10 отсто по одлуката на Тутунскиот Комбинат во Прилеп, а другите откупувачи и тогаш го следеа овој пример и ги зголемија цените.

Според Јане Станкоски, директор на државен земјоделски инспекторат, досега се откупени околу 9500 тони. Се очекува откупот да заврши во законскиот рок.

Од ВМРО – ДПМНЕ обвинија дека Тутунскиот комбинат, како државна фирма, бил на раб на катастрофа.

– Денес, кога откупени се 70 отсто од тутунот од лани, Тутунски комбинат има преземено нешто повеќе од 650 тони. За разлика од минатото кога Комбинатот откупувал и по 4 илјади тони, сега компанијата е на раб на катастрофа. За глас повеќе на претстојните избори, менаџментот како да решил да ги стави на коцка судбините на околу 300 вработени и да вработи нови 70-тина на неопределено време? – рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Loading