ЖРТВИ ШТО ГИ ПОСАКУВААТ СВОИТЕ ЏЕЛАТИ

Едно потсетување за кралот Мида. Посакал сé што ќе допре да се претвори во злато. Станал многу богат, но гладен и жеден, па посакал да се ослободи од таквата моќ. Така, северно-македонските гревчиња не можат да го потрошат ограбеното три животи.

Џорџ Орвел предупредува. “Народот кој избира корумпирани, арамии и предавници не е жртва, туку е соучесник”.

Грција ексклузивно го усвои правото на македонската антика, а Бугарија ја ремоделира средновековната и поновата историја. Се проблематизира и македонскиот јазик, кој БАН (Бугарската Академија на Науките) го нарекува северно-македонски бугарски јазик, како матичен јазик на РСМ. Северно-македонскиот идентитет станува реалност, бидејќи се  поврзува со новото име на државата.  Дојдовме до таму што се смета за ерес изговарањето на името Македонија и носењето 16 зрачното наше знаме. Злокобната и несреќна порака дека “без Албанците ја нема Македонија”, перфидно се камуфлира зад паролата “заедничка агенда  на патот кон ЕУ”.  Потпишувањето на бугарскиот предлог со француски целофан за кој лидерот на ДУИ и самопрогласениот господар на Македонија, цинично и со подигравки вели дека “уставните измени  ќе го засилат македонскиот идентитет”.

На Раселовиот суд, на кој не се наврајќаме ние, на сјајниот англичанец  Бертран Расел, истакнува дека најмногу геноцидна тортура во 20 век во Европа е вршена врз два нејзини народа – македонскиот и ирскиот. Упокоение на Македонците испланирано до детали уште во Букурешт 1913 г. Неверојатен варварски притисок за исчезнување на Македонците од картата на народите. Иако Македонците се изјаснија со референдумот против директната намера за идентитетска ликвидација, македонските џелати не мислеа така.

Нерон наредил да се убијат 12000 луѓе затоа што некој го навредил неговиот пајтонџија. Нашите пајтонџии на Нерон (Брисел и Вашингтон) Заев, Димитров, Ковачевски и другите како нив го убијаа сопствениот народ, затоа што, божем, не се согласил со народите на цивилизираниот свет. Кај нив затаила еволуцијата на мекотелство, без рбет и отсуство на морални доблести.

И еве ги сега Македонците во поворката на смртта, пред сега смртоносните шалтери за менување на документите. Ова е слика на новиот холокаус на Хитлер над цел еден народ во Европа. Холокаус, не физички, туку идентитетски. Чекорат како кротко јагне потерано на колење без да изустат, онака како што го тераа Исус на Голгота. Гасната комора кај нас е идентитетската смрт, по Преспа, 2018, со менување на нашите идентитетски документи. За разлика од Хитлер, нашите го пуштаат плинот над својот народ  од кого се изгнездени. Ги даваат гробарските лопати на нашите гробари. Пред очи одбиваме да ја гледаме смртта, и се тешиме со Фројд: “единствен начин да се говори за смртта е таа да се игнорира”. Создале Европски фронт. Да, за фронт ги бидува. Тоа се покажа во 2001 год.

Хитлер немал советници (и не сакал да има) да му кажат дека најстрашна смрт е идентитетската смрт. Таае многу пострашна и од физичката. “Нашиве” тоа добро го знаат. Ами ЕУ, ами ЕУ. Што е ЕУ и НАТО во одност на идентитетот. Една голема нула, едно големо ништо.

ПС. Пред очи ни ја зедоа Вања, а тоа не смееше да се случи. Ниту трага, ниту глас од разум, одговорност, отчетност. Само голи и себични интереси. А Песталоци, да тој  по образование недоволно образован Австриец во 17 век придонесол за позитивен развој на образованието. Редно е неговото име на школото да се замени со ВАЊА.

Прим. Д-р Благоја Дамески

Loading