МНОГУ МЛАДИ ВО ПОБЕДА

Фудбал

На првиот овогодишен собир на второлигашот Победа, Стручниот штаб, предводен од Јане Николоски, првиот тренинг го одработи со над 20 фудбалери, главно млади, талентирани играчи.  Најискусни се двајцата голмани, кои имаат по 21 година – Иван Николоски и Антонио Столевски. Покрај тренинзи ќе има и седум пријателски меча, со Тиквеш, Охрид, Вардар Н., Кожуф, Арсими, Пелистер и Борец. Последниот ќе се игра на 11 февруари на вештачка трева во Велес, како генерален тест пред првенствениот дуел на 17 февруари со Тетекс, на вештачка трева во Тетово.

Покрај заминувањето на Јорданчо Наумоски во Пелистер, се очекуваат и други новости од 15 јануари, со почетокот на преодниот рок.

Loading