И “ТЕШКОТО” Е НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Кажувањето на вистината е најголем револуционерен чин.

Муртинскиот “сонародник” го потпишал и крајот на постоењето на Македонија и Македонскиот народ, 12.2.2024. Тоа го почитуваат неговите истомисленици, македонските сатрапи и еврошарлатани. Во филмот “Среќна нова 1949” слушаме,  “истокот не отпишуе, западот нé не запишуе”

Може да останеме територија без народ. “Везден сме тука”, вели Коле Неделковски во својата песна “Скитник”.

Факт е дека Македонците во антиката ја обликувале тогашната светска цивилизација. Аристотел, Филип, Александар, Птоломеј… Македонците биле и пред портите на Ерусалим, но не го урнале Соломоновиот храм. Напротив, издале Александриски едикт и ги заштитиле сите еврејски храмови. За срам и за жал се оние, а не ние, Македонците, кои ја потпалиле александриската библиотека. Димитар Робев, член на турскиот парламент, изјавил: “Ние не сме ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци, ние сме Македонци”. Македонецот Александар Шимас од Серес, атентатор на грчкиот крал во Солун, на 18 март 1913 г. го погоди право во срце, извикувајки  слобода или смрт. Грчкиот крал Ѓорѓи Први е дедо на принцот Филип од Грција, кој е сопруг на кралицата Елизабета Втора, а чиј син е сегашниот крал на Британија Чарлс Трети.

Заклучокот, за вашето уништување, драги Македонци, можете да си го донесете сами.

Германскит филозоф Адорно вели да се пишува поезија по Аушвиц  е варварство. Каков депресивен став. И по варварскиот суров геноцид врз Македонците, и понатаму преживуваме, со ора и песни, со крштевки. А сето тоа е поезија. Нема да исчезнеме, оти сме составени од електроните на  воскресението. Тоа не го знаат западните и балканските сатрапи.

Не плаши се мој народе. Биди во срцето како Јане Сандански – архетипот на македонското херојство. Ако чуеш негде и во некое најзапуштено македонско село да чукне тапан, појди на свадба, играј и пеј. Тоа е нашиот идентитет. Благословија невестата за јунакот што ќе го роди. Тој е божји раст на обновата на оваа сурова цивилизација, тој е јунакот кој ќе ги збрише македонските уништувачи. Македонците по сите катастрофи живееле и сега живеат со поезија, боготворејќи ја убавината на сонцето и “силно светнатиот ден” на Кочо Рацин. И Апостол Павле го сметаше македонскиот народ како најбогоугоден, типичен претставник на христијанството, со кој ќе се пофали пред Господ, со народот што е избран за спасение на светот, оти таму каде што е опасното, расте и спасението.

А заевистите нема да исчезнете како да не сте постоеле. Ќе исчезнете како да сте постоеле. Тоа не е исто. Признавам, нашиот е поголем преданик од норвешкиот квислинг. Уште има сурат да се појавува.

ПРИМ. ДР Б. ДАМЕСКИ

Loading