ДОЈДЕ ОД ГЕРМАНИЈА ДА ГО ФАТИ КРСТОТ

Меѓу 120 граѓани кои нуркаа, 24 годишниот Влатко Орданоски го фати светиот крст на големиот богојавленски Водосвет во аквапаркот Салида. Тој две ипол години живее во Германија, а доаѓа дома за Бадник, Божик, Велигден, Водици и за сите поголеми верски празници.

– Можеби ова е знак да ми се исполни желбата после неколку години да се вратам повторно дома, иако си идам за празниците. Планирам следните 7-8 години да се вратам секако, можеби и порано – вели Орданоски.

Тој третпат се фрла по крстот.

Loading