НЕМА ПОЗИТИВНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Нема ниту еден позитивен на коронавирусот од вработените во детските градинки во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод. Ова го соопшти Центарот за јавно здравје.

Сите 242 вработени се негативни. Тоа се резултатите од скринингот на вработените во градинките, тестирани на минатата недела.

Според општините, во Прилеп се 192 лица, во Кривогаштани пет вработени, во Крушево 21 и 24 вработени во Македонски Брод.

Инаку, во градов спласнува бројот на новозаболените од коронавирусот.  На 2. јуни немаше ниту еден новозаболен, но ниту оздравени. Активни се 30 случаи. На инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 5 лица позитивни на коронавирусот.

Во самоизолација се 50 лица. Заради неносење заштитни маски, на 14 граѓани им се изречени прекршочни казни.

Loading