ПАЗИ, ПАЈАК ЛОВИ

Профункционира пајак служба во Прилеп. ЈП ПУП најми пајак-возило кое лови непрописно паркирани автомобили, ги транспортира до паркинг. “Пајажината” на пајакот фаќа автомобили во две смени. Раководителот на ЈП Бранко Нешкоски, нагласува дека се воведува ред во паркирањето и во сообраќајот. Се отстрануваат возилата од сообраќајните и од зелените површини. “Плен” за пајакот се и хаварисаните возила, паркирани со години на паркиралишта и тротоари. Налогот доаѓа од полицијата во координација со комуналните инспектори. Казните се од 1500 до 3000 денари. На место се плаќаат 1500 денари. За кренато и однесено возило на пунктот, казната е 2100 денари. Паркирањето во тревник носи глоба од 3000 денари – вели Нешкоски. Центарот располага со над 1000 места за паркирање, од кои 600 се околу булеварот и 400 во катната гаража. Дневниот паркинг чини 30 денари и не вреди да се ризикува да се паркира на несоодветно место.

Loading