Велески прв без пораз

Шах

Фиде-мајсторот Роберт Велески одлично мина на Отворениот аматерски шаховски турнир во Топуско, Хрватска. Меѓу 55 аматери од Босна, Хрватска, Македонија и Словенија, прилепчанецот делуваше како врвен професионалец. На девет партии победи петпати, четирипати ремизираше, ниту еднаш не загуби. Со црни фигури пресуди дерби триумфот над ФМ Божиновиќ (Сесвете), а значајно е и ремито со ФМ Желиќ (Сплит), учесник со најголем рејтинг-2300. 

Велески и лани беше првак на овој турнир.

Loading