Велосипедска летна ноќна шема

zajdisonceИ летово, шема е возењето велосипед. Сé повеќе луѓе одат на работа, придвижувајќи ги двете тркала со вртење на педалите. Практичното превозно средство носи каде и да се посака, економично е, а и забавно. Има љубители на кои секоја среда им е празник. Организирани во групи, во вечерните часови се развозуваат низ градот. Некогаш “тркнуваат” и до околните села, како Мало Коњари. Возат дури и до Обршани. Не се тркаат, туку се релаксираат, разладувајќи се од пеколните жештини , особено на ноќните рути.

Од збирно место плоштадот Александрија, ги јавнуваат велосипедите, ги палат светлата, “свират” со ѕвончињата и се препуштаат на вечерна авантура. Велат дека на зајдисонце нема подобра уживанција од неколку кругови на велосипедот низ градот за полнење на батериите за следниот работен ден.

Loading