МИХАЈЛОВА ВО ШПАНИЈА

Жени

Доста неверојатна е веста, но е вистинита. Младата пивотменка на Жито Прилеп, Зорица Михајлова, летово направи трансфер во Шпанија. Ќе настапува во дресот на прволигашот Малага. Ете и од малите клубови во тешка ситуација, како што е прилепскиот, низ работа и активност излегуваат добри ракометарки, чиј квалитет привлекува внимание. Шпанките ја виделе на Европско младинско првенство во Валенсија, каде таа го освои 15. место со репрезентацијата на Македонија.

Михајлова пред две години во Прилеп дојде од Струмица.

Loading