КОЛКУ ЕКИПИ НА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”?

Неизвесност

Уште нема дефинитивен број на екипите кои во претстојната сезона ќе играат како домаќини на стадионот “Гоце Делчев”. Пролетоска, покрај Победа и 11 Октомври беше и битолски Пелистер. Сега битолчаните се во слична ситуација, оти уште се реновира стадионот под Тумбе Кафе. Тие имале намера да бидат домаќини во Охрид, но таму немало услови и одлучиле првите кола да играат во Прилеп. Потоа, доколку има можност, да се префрлат во Новаци. Прволигашот Младост Царев Двор досега за единствена алтернатива го смета теренот во Прилеп, но има време за потврда или измена. Ако летово и наесен настапуваат на исто место четири тима, тешко ќе биде одржувањето на теренот.

Ако е така, меѓу 12 и 16 август, за пет дена се четири меча.

Loading