Со песна до истрчување на целта

ОУ Гоце Делчев

1. mentorot Jagurinoska gorda na uspehot od StefanoskaГоцеделчевци пред финишот на учебната година, засилено освојуваат државни награди. Ги бидува и за рецитирање, и за пеење, и за свирење, па и за трчање.

Деветтоодделенката Стефани Стефаноска, меѓу 20 најдобри државни рецитатори, се искачи на второто место. Континуирано добива признанија за песничките на разни литературни читања и рецитаторски натпревари. Го сака и актерството кое í помага подобро да ги долови емоцииите низ песната. Блеснала со “од дома” подготвената песна, а успешно се снашла и со предложената песна од жири комисијата. За десетина минути ја совладала и без трема ја изрецитирала.

– Среќна сум за успехот. Кога рецитирам, се трудам да се пронајдам себе си во песната и тоа да го вдахнам во изведбата – вели Стефаноска.

 Менторот Билјана Јагуриноска е презадоволна од ученичката, додавајќи дека Стефани секогаш се истакнува, остава впечаток, оти во себе носи дар за рецитирање.  

2. Mandolinskiot orkestar od OU 'Goce Delcev' - drzaven prvakГоцеделчевци тука не запираат. Со нежните детски гласови усогласени под диригенство на наставникот Љупчо Мирчески станаа државни прваци во хорско пеење. Вешти беа и музичарите, па свирењето на инструменти им донесе прво место на државниот натпревар за мандолински оркестар.    

 

 

 

3. Nemam brzina, no imam izdrzlivost - Leonid VandevskiА деветтоодделенецот Леонид Вандевски е познат по високите атлетски достигнувања. На државното првенство за основни училишта го зграпчил првото место истрчувајќи и нов личен рекорд 2.13 во омилената дисциплина, 800 метри.

– Немам доста брзина, но имам издржливост, која на максимален начин ја користам – вели Вандевски.

Секогаш освојува медали, а годинава вторпат триумфира во атлетиката, кога претходно стана државен првак и на крос од 1500 метри.

Loading