Решен државен предизвик за физика

ОУ Климент Охридски

Fizicarite od OU 'Kliment Ohridski'Деветтоодделенката Ивана Дукоска од ОУ “Климент Охридски”, со усовршени вештини за решавање задачи од третонаградена на регионален се искачи на второто место на државниот натпревар по физика. Со леснотија ја совладала силната конкуренција. Секогаш е во светот на бројките, па не ги пропушта ни натпреварите по математика, а годинава физиката í беше предизвик. Малку í се задачите од учебниците, па ги “ѕирка” и во збирките.  

– Потешки беа задачите, но со постојано вежбање и голем труд се постигнува резултат – вели Дукоска, додавајќи дека и во средно нема да пропушти да ги одмерува знаењата по физика.

Задоволството од успехот не го крие менторот Спасе Јанчевски.

– Првпат се сретнуваат со физика во осмо и малку им е тешко и чудно. Но, постепено навлегуваат во материјата и ја засакуваат, а резултатот е неизбежен – додава Јанчевски.

Од ОУ “Климент Охридски”, на регионалниот натревар по физика учествуваа и осмоодделенките Јана Неделкоска, како и Ана Плетварец која пак се пласираше и на државниот натпревар. 

Loading