ПАЛАЧИНКИ И ДИПЛОМИ

В среда финишира изборот “Нај петка”

В среда, во 18:30ч. со манифестацијата “Палачинкијада” ќе се означи крај на учебната година и ќе се изберат најучениците и најнаставниците кои ќе тримфираат на изборот за “Зенит Петка”.

Се стегаат палци додека се пребројуваат гласовите за најпетка. Децата, па и наставниците шепотат меѓусебе кој ќе биде годинава нај. Петка ја полневме и преполнувавме со ученички и учителски достигнувања, од општински, па се до меѓународни. Дотолку, што секогаш недостасуваше страница повеќе сите наеднаш да ги пофалиме. Најуспешните воопшто не запираа, а секој пат кога ќе ги видевме истите титулари низ смеа ќе им речевме “Ах, пак ли ти? Сега со каква награда се врати?” Нашите неуморни освојувачи на разни мегдани, стануваат нетрпеливи, но не за долго. Пред финишот на трката од бројни успеси меѓусебе се подгледуваат петкашите: Борјана Конеска, Елена Ангелеска, Благојче Овезоски, Марија Митреска, Јован Петрески од ОУ “Гоце Делчев”, Ѓорѓи Коцески, Борјан Стрезоски и Ена Јованоска од ОУ “Кире Гаврилоски”, Ангела Станкоска и Галена Аризанкоска од ОУ “Кочо Рацин”, Горан Попоски, Стефанија  Поп-Антоска и Ивана Дукоска од ОУ “Климент Охридски”, Христијан Николоски, Димитриј Младеновски и Димитар Деркоски од “Блаже Конески”, Христина Нунеска и Марија Николоска од ОУ “Добре Јованоски”, Леона Митревска, Дино Релушоски и Марија Најдоска од ОУ “Рампо Левката”.

Од наставниците со интерактивни методи на настава и успешни менторства на бројни натпревари кои се “борат” за нај титулата се: Билјана Јагуриноска, Соња Димоска, Љупчо Мирчески, Ирена Наумоска, Благица Чатлеска и Кети Иваноска од ОУ “Гоце Делчев”, Благојче Илиески, Борче Ацески и Ирена Аџиоска од ОУ “Кире Гаврилоски- Јане”, Наташа Мирческа, Наташа Кулевска и Габриела Темелкоска од ОУ “Кочо Рацин”, Катерина Трајкоска, Каролина Јовеска и Ахил Јаков од ОУ “Климент Охридски”, Горјан Василески, Тони Николоски, Наташа Ристеска Проданоска, Васе Антуелеска, Виолета Христоска од ОУ “Блаже Конески”, Каролина Николоска, Гоце Перески и Винета Џумеркоска од ОУ “Добре Јованоски” и Кире Овезоски, Благоја Дукоски и Наташа Петкоска од ОУ “Рампо Левката”.

В среда сé ќе се знае!            

Loading