ТЕКТОНСКИ РАЗДВИЖУВАЊА ОД СТРАНСКАТА ИНВЕСТИЦИЈА

Се селектираат работници за Гентерм

1. Metez za rabota vo GentermНад 1.800 пријави биле доставени за вработување на општи работници во американската автомобилска компанија Гентерм за објавените 100 слободни работни места. Селекцијата се спроведува преку тестови и интервјуа. Првата група апликанти наскоро ќе замине на тримесечна обука во фабриката на Гентерм во Укранина.

2. Genterm

Поради многуте апликации, изборот се врши во групи и постапно во зависност од степенот на образование, познавањето странски јазик и работното искуство. Од претставништвото на Гентерм во Прилеп апелираат на трпеливост, зашто сите пријавени ќе бидат повикани на интервју.

Инаку, во тек се подготовките на парцелата во технолошко – индустриската развојна зона кај Алинци каде компанијата ќе гради погон. Фабриката ќе биде на 20 илјади м2, од кои во првата фаза ќе се простира на 6.500м2. Инвестицијата е 20 милиони евра и ќе се произведуваат автомобилски делови за грејачи за волани и седишта. 

Loading