На дланка светот на гумите

Мотоцентар

Planeta na gumite e MotocentarОпределба на фирмата МОТОЦЕНТАР, уште од основањето во февруари 1994 година, е пневматикот, неговиот правилен избор и одржување. Ексклузивни претставници се на најреномираните светски брендови пневматици: Michelin, Continental, Bridgestone, Firestone, Kormoran, General type, Uniroyal, Dayton, Sportiva, Barum, Mitas.

Денес, фирмата има седум сервисно-продажни објекти, од кои четири во главниот град, и по една во Битола, Куманово и најново во Прилеп. Таму, покрај со салон за гуми, располагаат и со сервис, модерно и богато опремени со машини, апарати и алати за третман на пневматици, центрирање преден трап и брз сервис за сите типови патнички и товарни моторни возила. Компанијата брои седумдесетина професионалци, кои во секој момент се подготвени да помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците. А со разновидната палета на брендови привлекуваат различни профили на купувачи, од оние кои се ориентираат исклучиво според цената, до оние кои бараат врвен квалитет.

Директорот на Мотоцентар, Горан Гроздоски објаснува за тековните трендови во бизнисот на пневматици.

Со што се издвојува Мотоцентар во однос на другите дистрибутери на пневматици и какви услуги се нудат?

10599892 10205308034035093 907357998 o– Покрај големиот избор на реномирани пневматици, како и врвната услуга, кадарот е обучен преку различни совети и прашања да му овозможи на секој клиент да го одбере пневматикот во зависност од неговите потреби. Правилниот избор е од витално значење за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Тоа не вклучува само избор меѓу зимски, летни или универзални, туку избор на производител. Од неодамна сме сведоци на наплив на многу пневматици со азиско потекло со сомнителен квалитет, кои не ги задоволуваат европските стандарди за безбедност. Со купување на овие производи, корисниците ја компромитираат својата безбедност, како и на другите учесници во сообраќајот. Затоа, препорачувам да се користат гуми исклучиво од реномирани светски производители. За користењето на т.н. универзални гуми, истакнувам дека не нудат добри перформанси, ни во летни, ни во зимски услови. Претставуваат лош компромис, кој секако се одразува на безбедноста. Препорачувам да се користат зимски гуми со знак на снегулка во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март и летни гуми од 15-ти март до 15-ти ноември. Тие ја гарантираат безбедноста во сите услови, а со тоа се продолжува и животниот век на пневматиците. Покрај тоа, на секој купувач му се нуди бесплатна Мотоцентар клуб картичка со што добива одредени бонуси и бенефиции. Идејата е да се прошири базата на лојални клиенти, кои ќе имаат ексклузивен пристап до одредени промоции, попусти и информации. Сето ова е надополнето со лојалити програма за собирање поени, кои потоа можат да се искористат за добивање одредени производи. Потпирајќи се на искуството и професионализмот, подготвени сме да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат. Целта е да ги задоволиме нивните потреби со понуда на високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени, така што ќе можат да ги увидат и да уживаат во бенефитите од користењето на услугите на Мотоцентар.

Што е најново во Мотоцентар?

– Со цел да се приближиме до клиентите ја прошируваме мрежата на сервисно-продажните центри. Единствена фирма сме за пневматици, која располага со три сервиси за товарни и патнички гуми во Скопје и една во Прилеп. Најновиот сервисно-продажен објект на влезот во Прилеп, е на 2500м2, со објект од 1200м2, опремен со најмодерни машини за монтажа – демонтажа на пневматици, како и центрирање на преден трап. Планираме да стане регионален центар за товарни и за патнички возила. Најнов член на фамилијата на Мотоцентар е италијанскиот бренд Pireli, кој е производител на најегзотичните и пневматиците со најдобри перформанси.

Какви се вашите планови?

– Продолжуваме со промоција на премиум брендовите. Нудиме пакети на услуги и нема да престанеме со иновативни решенија со цел да се задоволат различните потреби на купувачите.

Loading