Работа за 70 невработени

За еден месец

Точно 70 работници се ангажирани кај 50 работодавачи последниов месец со владиниот проект “Македонија вработува”. Силвана Пашоска, директорката на Центарот за вработување, очекува нови вработувања со атрактивните мерки.

Со проектот се опфатени сите старосни групи до пензионирање, како и лица од ранливите категории, социјални случаи, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, децата без родители и родителска грижа и родителите на децата со пречки во развојот.

Loading