Ронин
На најсилниот меѓународен бугарски турнир во Софија, одличен настап на каратистките од Ронин со освоени четири медали. Најинтересно беше кај ката сениорки, каде во дуел беа близначките Маријана и Мишела Димоски. Златото и припадна на Маријана, среброто на Мишела. Под нив е Чилеанката Ла Паз, носителка на многу светски медали. Ката тимот (Маријана и Мишела, со Киријана Камческа) го освои второто злато кај сениорките. Третото е во категоријата ката кадетки/јуниорки, каде злато и припадна на Киријана Камческа.
Формата се гради за Светското јуниорско првенство во ноември во Индонезија.