Мајски матурски лудории

Slavje za polnoletstvotoЦела недела градот ечи на звуците на плех музика, од зурлите и тапаните. Матурантите играа ора, се кршеа на чочеци со шишиња пиво и сокови в раце низ уличните поворки од училишните дворови до плоштадот Ченто, означувајќи го полнолетството. За момент ги заборавија петките и кецовите, се прегрнаа со професорите и со ведрина на лицата, од грлата им излегуваа рефрените на македонскиот фолклор. И чалгаџиите заработија по некоја стотка на челото, правејќи од матурата празник.

Полицијата не го спречи дефилето низ улиците, туку организира безбеден коридор. Малку беа нервозни возачите, но кога ќе се потсетеа на минатото, се насмевнуваа и се воздржуваа. 

Loading