“Древниот сон” е изложбата на 35 дела масло на платно и акрил од уметникот Тони Чатлески, што ќе биде отворена во среда, 20 мај во Центарот за култура во Битола.
– Чатлески останува верен на својот сопствен уметнички израз, и градација од фаза во фаза – забележува писателот Трајче Крстески.
Сликарот се обидува и успева да создаде хармонија, одраз низ неколку пластови од кои првиот е хармонија на бојата, потоа хармонија на визуелното и вербалното, две неопходни компатибилни елементи преку кои може да се согледа нечија уменост.
– Станува збор за нова фаза од опсесивни платна кои на прв поглед го збунуваат гледачот, но при секое задлабочување éе упатуваат како да се насликани во сон – вели Крстески.
Инаку, Чатлески лани, со циклусот “Ритамот на самбата” се претстави во Москва, а наскоро претстојат изложби во два други града во Русија, бидејќи е член на Професионалниот сојуз на руските уметници.