Според можностите

Шах

Прилепските шахисти минаа според можностите на суперсилниот “Карпош опен” во Скопје. Велемајсторот Звонко Станојоски, иако одлично, играше првите шест кола за пет поени, а во финишот загуби два меча и ремизираше за пад од осмото кон 42. место на табелата, на која имаше 34 велемајстори, а вкупно 234 учесници. Тоа е реален пласман со стартната рејтинг позиција од 40. место. Постигнувањето добива на тежина со фактот дека е трет меѓу македонските шахисти. И фиде мајсторот Роберт Велески беше солиден со пет поени на 79. место.

Loading