По многу одложувања почна реновирањето на пингпонгарската сала зад ДТВ Партизан. Се санираат оштетувањата од поплавите пред неколку години, се работи на ѕидовите и подот. Обезбедена е нова подлога. Салата се подготвува да ги прими пингпонгарите по месец – два, по завршувањето на сезоната. До тогаш клубовите бараат други простории за тренинзи и натпревари.
Во овие околности за место во горниот дел од табелата се бори суперлигашот Младост, а во друштво на водечките претендира прволигашот Младост 96.