ОУ Гоце Делчев
Додека од ОУ Кочо Рацин ги одмеруваа силите во шпрехање германски, петмина ученици од ОУ “Гоце Делчев” се докажуваа во пишување на француски. Марија Митреска од 9-в се покажа како најдобра за регионот Битола за писмен состав на француски на тема “Патувањето е…”.
– Четврта година учествувам. Среќна сум за наградата. Дел од признанието í го должам на наставничката Ирена Наумоска, за трудот што го вложува во нашето едуцирање. Се надевам да освојувам повеќе награди по француски – вели Митреска.
Од петмината Гоцеделчевци, и Тамара Дамеска и Марио Јакимоски се пласираа на топ 6 ранг листата. Добри резултати покажаа и Ангела Зероска и Тамара Тасеска.
– Резулатите се плод на нивната посветеност, интерес и огромна љубов кон францускиот јазик како еден од најзначајните јазици во светот – вели наставничка Наумоска.
Учениците интезивно се подготвуваат и за “Олимпијади по француски јазик”, чиј регионален дел ќе биде во Битола, а државниот во април во Скопје.