ОСВОЈУВАЧИ НА МАТЕМАТИЧКИ ПОЛИЊА

Гимназија Мирче Ацев

Podgotveni da se pokazat i na Olimpijadata vo Skopje - matematicarite od GimnazijataГимназијата продолжува да докажува дека е расадник на млади таленти по математика. Матурантот Стефан Николоски, кој сите четири години е редовен на натпреварите, не пропушта да покаже одлични резултати. На годинашниот државен натпревар во Скопје се искачи на пиедесталот, оставајќи ја далеку зад себе силната конкуренција. Николоски е познат и по високи достигнувања во информатиката, а наредната недела го очекува државниот натпревар.

– Математиката бара максимална посветеност и постојано вежбање. Искуството од натпреварите е пресудно и придонесува за освојување на повисоки награди. Со вложен труд успеав да го освојам првото место – вели Николоски, кој лани стигна и до Светската олимпијада, каде за два поени не зеде брозна.  

И останатите гимназијалци, под менторство на професорките Евгенија Нешкоска и Афродита Стефаноска, имаа одлични резултати. Во прва година, Инес Лесновска го освои второто, Славчо Премчески третото место, а Андреј Мрчески доби пофалница. Од трета година, Марко Маркоски се избори за второто место, а Михаил Мицески за пофалница.

– Освоивме добри места во сите категории. Децата вложуваат голем дел од слободното време. Затоа не изостануваат успесите – вели менторката Антонија Гическа Петкоска.

Две недели, “освојувачите” на награди ќе вежбаат “гимнастика на мозокот со бројки”, подготвувајќи се за Олимпијадата во Скопје. 

Loading