МЛАДИ ФРАНКОФОНИ НА ПИСМЕНО

ОУ Гоце Делчев

Gocedelcevci 'pisateli' na francuskiДодека од ОУ Кочо Рацин ги одмеруваа силите во шпрехање германски, петмина ученици од ОУ “Гоце Делчев” се докажуваа во пишување на француски. Марија Митреска од 9-в се покажа како најдобра за регионот Битола за писмен состав на француски на тема “Патувањето е…”.

– Четврта година учествувам. Среќна сум за наградата. Дел од признанието í го должам на наставничката Ирена Наумоска, за трудот што го вложува во нашето едуцирање. Се надевам да освојувам повеќе награди по француски – вели Митреска.

Од петмината Гоцеделчевци, и Тамара Дамеска и Марио Јакимоски се пласираа на топ 6 ранг листата. Добри резултати покажаа и Ангела Зероска и Тамара Тасеска.

– Резулатите се плод на нивната посветеност, интерес и огромна љубов кон францускиот јазик како еден од најзначајните јазици во светот – вели наставничка Наумоска.

Учениците интезивно се подготвуваат и за “Олимпијади по француски јазик”, чиј регионален дел ќе биде во Битола, а државниот во април во Скопје.

Loading