СЕЛОТО ШТАВИЦА НИЗ ОПТИКАТА НА ДИМИТРИОСКИ

Новинарот, истражувачот и публицист Тренчо Димитриоски продолжува да нé запознава со културата и историјата на Пелагонија, Мариово и Прекурид. Вторник од 19 ч. во библиотеката ќе има предавање за “Селото Штавица – од праисторијата до денес”. Откритијата од истражувањата и анализите на расположливите пишани документи, преданијата и легендите ќе бидат илустрирани со видео презентација.

Организацијата на предавањето е во аранжман на асоцијацијата “Калеш Анѓа”.

Loading