НА “ВУКО КАРОВ”

Фудбал

Победа е бренд и во Третата лига. За тоа покажува поканата за учество на “Вуко Каров”, турнир со убав спомен од 2000 кога беше совладан белградски Партизан. Во Кавадарци ќе има дуели со Тиквеш и прволигашот Турново. Предвидени се уште пет теста до 15 март кога е пролетниот старт.

Официјалната прозивка мина со 18 првотимци, со новите, за врска Кемал Аломеровиќ, некогашен член на Слога и голманот Дејан Апостоловски од Пелистер. Се чека младиот полушпиц Един Скендеровиќ од Здравје Радово, отстапен од Работнички. Има место за уште еден – двајца во списокот на Златко Петрески.

Loading