ПОЛЕЗЕН СПОРТ

Атлетика

Ретка можност за предавање од спортска тема беше во библиотеката од страна на академикот, професор Ангел Џамбазовски, прилепчанец од Скопје. Темата “Значењето на атлетиката во усовршувањето на човечкиот организам во функција на превенција на цивилизациските болести од аспект на онтогенетскиот развој” предизвика интерес. Потенцирана беше нужноста од физичкото и здравствено образование со спортот во училиштата да биде застапено со еден час дневно за превенција од цивилизациските болести. Да поставиме “стоп” на р’бетните, скелетните деформации, да немаме искривени деца, приковани пред компјутери. Атлетиката е полезен и евтин спорт – рече Џамбазовски.

Организаор беше АК Трети ноември, преименуван во АК Академик Џамбазовски.

Loading