ДЕРБИТО Е ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

Фудбал: Трета лига – Југ

В недела (15 ч.) е 18. рунда од Третата лига – Југ, во чија рамка дербито Големо Коњари – Борец. Се среќаваат: есенскиот првак со сегашниот лидер на табелата. Пролетва настанаа промени – Борец се издигна до првото место, Големо Коњари се спушти до третото, со пет бода помалку. Но, шанси за врвот и за големокоњарците постојат, доколку в недела ги освојат трите бода. Триумфот секако е можен, ако се има предвид дека есеноска Борец беше совладан во Велес, со 3:1. Во претходното коло, Борец – Превалец 2:1, Младост – Големо Коњари 1:1, со црвен картон за гостинскиот стрелец на голот, Борче Сркески.

Други двојки: Марена – Младост, Превалец – Ултрас, Питу Гули – Локомотива, Росоман – Слога.

Табела: Борец 36, Росоман 33, Големо Коњари 31, Превалец 30, Питу Гули 24, Слога 22, Младост 19, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.

Loading