НЕСОВЛАДЛИВ РИВАЛ

Кошарка

Крај на кошаркарската сезона за екипата Мега баскет. Во салата на ОУ “Добре Јованоски”, Мега баскет – МКК Куманово 64:97, на реваншот од четвртфиналето на плејофот во Втората кошаркарска лига. Според овој исход, МКК Куманово оди во полуфиналето, бидејќи и на првиот меч – дома, победи со 81:47. Очекувано, со оглед на тоа што МКК Куманово има само победи во овој ранг.

За Мега баскет, како нов второлигаш, успех е и самиот пласман во четвртфиналето од плејофот.

Loading