САМО БОД ПОД ЛИДЕРОТ

Пинг-понг

Битката за титулата не престанува. Така е затоа што во Супер-лигата фаворитите и натаму редат победи. Лидерот Крива Паланка ги совлада Пелагонија (4:1) и Работнички (4:1), Младост 96 триуфира над Вардар (4:1) и Крива Паланка 2007 (4:0), а Младост со Крива Паланка 2007 (4:0) и со Берово (4:2). На 11 и 12 мај се последните кола, во кои Младост 96 игра со Младост, Берово, Шампиони ФА и Крива Паланка, а Младост освен со градскиот ривал, се среќава со Шампиони ФА, Крива Паланка и Телеком нец 2.

Табела: Крива Паланка 28, Младост 96 – 27, Младост 24, Телеком нец 2 – 23, Шампион ФА 22, Пелагонија и Вардар 19, Берово 18, Работни;ки и Крива Паланка 2007 – 15.

Loading