ГОСТУВАЊЕ КАЈ ПОСЛЕДНИОТ

Победа

Она што важеше пред претходното 24. коло на Втората лига, важи и пред следното, в сабота: Победа ако победи, може да се искачи две места погоре на табелата. Прилепскиот тим гостува во Струга, кај последниот тим на табелата, Караорман. Иако есеноска, во Прилеп, струшкиот тим победи со 2:1, можен е обратен исход. Тимот Караорман има седум порази во серија, само 4 бода пролетва, за разлика од Победа со 8 бода. Што се однесува до екипите пласирани погоре на табелата, го имаат овој распоред: Скопје – Тетекс, Саса – Новаци, Во претходното коло: Победа – Кожуф 0:1, Башкими – Караорман 5:1.

Табела: Беса 63, Пелистер 57, Детонит 49, Арсими 41, Охрид 38, Скопје 35, Башкими 34, Беласица, Кожуф и Вардар Н. 31, Новаци 25, Тетекс 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15.

Loading