ОПСТАНОКОТ Е СИГУРЕН

Ракомет

Во 9. рунда од плејаутот на Супер-лигата за мажи, Прилеп – Голден арт 26:23. Уште еден, седми по ред триумф на Прилеп во оваа фаза од првенството. Иако скопјаните видеа на полувремето со 13:11, во вториот дел се си дојде на своето место, според планот на Прилеп. Најефикасни: Денис Шабановиќ со 7 гола, Пеце Рајатовски со 6. По ова Прилеп се врати на врвот од табелата, бидејќи Еурофарм Пелистер 2 загуби во Куманово. Пласманот меѓу првите три на табелата, што значи опстанок, е сигурен. В среда е гостувањето кај Мултиесенс.

Табела: Прилеп 24, Куманово 23, Еурофарм Пелистер 2 – 21, Вардар Н. 18, Мултиесенс 14, Голден арт 10, Скопје 6, Аеродром -7.

Во Супер-женската лига, Деспина дома со 22:35 загуби од Чаир, а викендов е гостин на Скопје.

Loading