ОДБРАНАТА ПОСИЛНА СО ДИМИТРОВСКИ

Ракомет

Суперлигашот Прилеп се засили со пивотот на Пелистер, Васко Димитровски (32). Доаѓа како докажан играч во одбраната. Трет битолчанец е по голманот Божиновски и бекот Митревски. Има изгледи да се приклучи уште некој, но најважно е што се задржани сите првотимци од есенскиот дел, кои го искачија тимот на третото место од Супер лигата. Подготовките од тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески се во салата од СОУ “Р. Р. Ричко”.

Викендов стартуваат пријателските мечеви, а прв противник е вториот тим на Металург со кого за ден – два е предвиден и реванш. 

Loading