НОВИ ТРИБИНИ НА СТАДИОНОТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Инвестиции во спортски објекти и терени

Комплетно ќе се обнови градскиот стадион “Гоце Делчев” со 750 илјади евра од програмата ХЕТ ТРИК – 4, донација од УЕФА, а која ќе се реализира преку ФФМ. Ќе се реконструираат трибините, ќе се направи комплетна дренажа. Уредување на теренот и осветлување за ноќни натпревари. Со јавно – приватно партнерство, на стадионот ќе се доизградат нови трибини според европските стандарди. Со донација од Лозана, ќе се монтираат и 15 илјади столчиња на реконструираниот стадион “Гоце Делчев”.

Покрај фудбалскиот терен на Паркот на Револуцијата, првпат во историјата градот доби и стадион со вештачка трева за голем фудбал со рефлектори и комплетно уредени соблекувални во вредност од над половина милион евра. Ќе продолжи доградбата на стадионот во Алинци и ќе се реконструира и осветли и стадионот во Големо Коњари. 

Ќе биде поставена и балон сала во дворот на ОУ “Блаже Конески”.

Ќе бидат пуштени и две нови спортски сали, со мал обем во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” и голема во ОУ “Добре Јованоски”.

Ново тениско игралиште ќе има во Гимназијата.

Ќе бидат реконструирани и други игралишта.

Локалната самоуправа продолжува со поддршката и финансирање на спортските објекти  и терени со единствена цел популаризација меѓу младите. 

Loading