ПРИЛЕПЧАНИ ВО КАТАР

Prilepska pomos od tribiniteНеколкумина прилепчани уживаа во мајсториите на македонските ракометни репрезентативци на Мундијалот во Катар. Наоружани со знамиња, транспаренти, дресови и шминка во жолто црвена боја, дури и со шлемовите на македонската фаланга ја поделија радоста и успехот со уште неколку стотини Македонци во огромната спортска сала на Арабискиот полуостров. Се развиорија бајраци, се запеа македонската химна во знак на поддршка. Иако домашните ракометари не се некоја ракометна сила, се покажаа како љубезни домаќини. Нашата навивачка експедиција претставуваше ветер во крилјата во неколкуте победи, го пробаа вкусот на триумфот, громогласно, бодрејќи ги своите. И ракометарите вратија со ефектните голови и уште подобри одбрани.

Запалениците во ракометот се вратија дома полни со импресии не само од ракометната фешта, туку и со пријатните дожувувања на раскошот на малата, но богата држава. 

Loading