ПЛАНИНАРАТ И УЧАТ ИСТОРИЈА

Zadovolstvo kombinirano so istorijaНиту врнежливото време не ги поколеба четириесетина планинари од Картуш да изведат марш до месноста Ножот, каде што во 1907 година се одиграла една од поголемите битки во историјата, а за која и песните пеат “меѓу Ракле и Никодин се зададе темен облак”. Покрај планинарење се посетуваат и значајни локации од историјата, од кои младите осознаваат за минатото и ги јакнат патриотските чувства. Од Ножот, планинарите “наминаа” до селото Ракле, завршувајќи го маршот во селото Топлица.

В недела планинарите имаат нова авантуристичко истриска рута. Од Расинбегов мост во Мариово, ќе го “освојуваат” селото Чаниште и ќе се поклонат на гробот на Толе Паша во селото Крушевица. 

Loading