НАУМОСКИ ЗАМЕНА ЗА АНГЕЛЕСКИ

Гимнастика

Златко Ангелески, тренерот на клубот за гимнастички спортови Партизан, денеска заминува приватно во Австралија. Одам по семејни обврски. Планирам брзо враќање. По четири месеци пак ќе бидам со вредните гимнастичари – најавува Ангелески. Заминува, но спортистите не ги остава на цедило. Веќе договорил наследник кој ќе го заменува. Доаѓа некогашниот мој тренер Ѓорѓи Наумоски. Ќе биде со децата, додека сум отсутен. Се ќе е во најдобар ред – истакна Ангелески. Тој цел живот е во гимнастиката и тешко, низ солзи ја прифаќа разделбата. Во земјата на кенгурите има понуда од клуб. Има шанса да работам и таму. Не се издржува без гимнастика – завршува Ангелески.

Loading