КОН ТРЕТА ПОБЕДА

Кошарка

В недела (18 ч.) во Универзална Ултимејт баскет го чека светиниколско Овче Поле. Домаќинот атакува на триумф, по двете одлични партии дома со Торус, на гости завчера со Лирија, совладана со 16 разлика. Фактор е одбраната. Ако примаме не повеќе од 60-70 поени, имаме шанса за победа. Со борбеност можеме до нов успех – вели Панче Милевски, тренерот. У. Баскет со пет бода го дели петтото место со МЗТ Скопје и Овче Поле. Со евентуална трета победа се издигнува кон врвот на Првата лига.

Loading