НАДЕЖИТЕ НА ТАНЕТО ПОДГОТВЕНИ ЗА СТАРТ

Кадетска лига

РК Филип вторпат пријави екипа во Кадетската машка ракометна лига – Запад. Надежите на Александар Танески – Тането се подготвени за старт на 30 октомври во Кавадарци. Бараме прогрес од лани, кога бевме петти од осум тима. Есенва во конкуренција на шест клуба, наша цел е второ место за плеј оф – вели Танески. Клубот постои три – четири години, а напорната работа исфрла таленти. Истакнати се 16 – годишните Даниел Аврамоски, Стефан Цветкоски, Марко Ристески, Филип Велески, кои одат по патот на тренерот Танески, порано пивот на моќниот ТК Бренд.

Loading