БОРБА ЗА ЖИВОТ

РК Прилеп

Опстанува ли РК Прилеп? Одговорот не го знае никој во клубот. По оставката на претседателот Панче Дамески, се најавуваше донаторска конференција, но и таа е неизвесна. Никој не не запознал со некаква донаторска конференција. Ништо не се движи на подобро. Можно е откажување од супер лигата, до наредниот меч по 10 дена, дома, со велешки Борец – велат во РК Прилеп. Неиздржливата ситуација придонесува за заминување на првотимците. По Дупјачанец и Петкоски, последен бродот што тоне го напушти Филип Ангеловски, кој продолжува на Косово.

Loading