ГОСТИ КАЈ НАСЛЕДНИКОТ НА КОМЕТАЛ

Ракомет

В недела во Скопје е женско ракометно дерби, Ѓ. Петров – Жито Прилеп. Домашните се наследнички на славниот европски првак, Кометал. Ривалите се соседи на табелата, на трето и второ место. Наша цел е пласман до врвот. На мечот не интересира само триумф – порачуваат од Жито Прилеп. Претходно, на гости, победен е тимот на Вардар, со убедливи 10 разлика. Составот на Ристо Магдинчев е комплетен, со заздравените Аџулеска, Петковска и Гичева. Тежок меч кој мора да се добие. Неопходна е ведра атмосфера пред наредното гигантско дерби дома со Металург – сметаат во Ж. Прилеп.

Loading