ПАРТИЗАН ЧЕСТИТАШЕ

Годат признанијата и честитките за одлично организираниот меѓународен кадетски фудбалски турнир “11 Октомври”. Клубовите 11 Октомври и Победа два дена беа домаќини на Партизан (Србија), Македонија Ѓ. П. и Металург, кои ги одмерија силите со надежите. Турнирот помина одлично. Ќе биде традиционален. Максимум внимание посветуваме на талентите, иднината на прилепскиот фудбал – вели иницијаторот Марјан Стојкоски – Манта. Школата на “11 Октомври” е меѓу водечките во државата со обезбедени услови, терени, опрема за близу 200 членови. Наредниот викенд, младинците и кадетите во борба за висок пласман, одат кај скопски Работнички.

Loading