ДЕТЕ ДАВА ГОЛОВИ ЗА ПРОЛЕТЕР

Општински лиги

В недела (10 ч.) на Гарнизон, залетаниот Пролетер го чека Обршани, во 7. коло од А – Лигата. Во фокусот е домашниот голгетер, 16-годишниот Нури Рушаноски. Велат имал талент за Прва лига. Пресуди на гостувањето кај Тризла за триумф од 0-1. Останати: Боротино – Динамо, Ц. Ѕвезда – Козара, Кадино – Тризла, Воѓани – Тополчани, Кадица – Чепигово. Претходно: Динамо – Кадица 3-1, Чепигово – Воѓани 3-1, Тополчани – Кадино 3-2, Обршани – Ц. Ѕвезда 3-0, Козара – Боротино 0-3. Води Динамо со 18, пред Пролетер со 13 бода. Во Б – Лигата најдобри се: Братство и Мукос со по 16 бода.