БАБУНА НА “ЖЕЖОК” ТЕРЕН ВО КРИВОГАШТАНИ

Трета лига

Лидерот на третолигашката табела, велешка Бабуна, утре гостува на “жешкиот” терен од Младост во Кривогаштани. Домаќинот е со успешна серија од седум кола. Тимот на Трајче Илиоски борбено атакува на три бода. Викторија двапати го одложуваше гостувањето кај Д. Езеро. Со меч помалку е втора, а в недела го чека Кожуф. Останати: Ц. Река – Корзо, Млекар – Партизан, Велес Т. – Г. Коњари. Резултати: Превалец – Младост 3-4, Корзо – Велес Т. 4-0, Г. Коњари – Млекар 4-1, Партизан – Борец 3-2. На табелата Бабуна 24, Викторија и Младост по 22, Корзо се подобро, петто со 14 бода.

Loading