ЈОВАНОСКИ ЈА ОСВОЈУВА ТУРЦИЈА

Параглајдерство

После непатувањето на Европското првенство во прецизно слетување во Вршац, Србија, “загладнет” за трофеи, најдобриот македонски параглајдерист Мартин Јованоски (ПК Делта) постигна успех на наредниот голем натпревар во дисциплината прелети, Претсветскиот куп Камели ОПЕН во Денизли, Турција. Во голема конкуренција, по тешка седумдневна борба на најдобрите пилоти, го освои првото место.

На овој начин покажа врвна форма за она што на истото место претстои од 24 септември до 5 октомври, суперфиналето од Светскиот куп.

Loading