КАКО ГЕРМАНСКА ПЕТТА ЛИГА

Општинска

Ништо веќе не е изненадување. И во најнискиот петти ранг, Б лигата на ОФС Прилеп, како да сме во Германија, се игра ноќе под рефлектори. Во Тополчани домашниот тим загуби со 0-1 од Гарван Десово. Ако времето е жешко, тополчанци најавуваат уште некој меч навечер. Во првото коло гостинска победа постигна и Ново Црнилиште 1-4 во Кадино. Викендов Гарван игра дома со лидерот Пелагонија, а Н. Црнилиште со С. Штркот.

Во А лигата Прилеп сити дома е прегазен 0-4 од Илинден, кој в недела е фаворит во Долнени со Пролетер.

Loading